Уапсени 12 членови на ИД во Турција

Уапсени 12 членови на ИД во Турција
Уапсени 12 членови на ИД во Турција

Турската полиција во акција спроведена денес во четири окрузи уапски дванаесет лица осомничени дека се членови на ИД во Турција.

Извршени се претреси на различни локации и приведени се вкупно 12 лица. Полицијата трага по уште четири лица.

Приведените осомничени членови на ИД во Турција се испратени на распит во полициското одделение за борба против тероризмот во Анкара.

Турските власти вчера соопштија дека привеле 23 странски државјани, меѓу кои жени и деца, кои се обиделе да влезат во Сирија и да им се придружат на борците на ИД. Приведените се државјани на Кина, на Индонезија, на Русија и на Украина.

ИД бара џихадстите да дејствуваат во Велика Британија


dzihadisti-650x396Групата Исламска држава бара џихадистите во Велика Британија, наместо да доаѓаат во Сирија, за да се вклучат во разни терористички напади, да останат во Велика Британија и таму да дејствуваат, врз истите основи како и на сирискиот фронт.

Ваквата нова тактика на оваа милитантна исламистичка сунитска група, ја открива британската телевизија Скај Њуз, чии новинари спровеле истрага и лажно претставувајќи се како „потенцијални џихадисти“ комуницирале, преку интернет страниците на ИД за регрутирање , со припадници на оваа група на различно ниво.

Новинарската екипа утврдила дека ИД сега ги охрабрува Британците, да формираат банди кои би заочнале еден долг процес за создавање Исламска држава на тлото на Велика Британија.

ИД преку интернет регрутира  Британци за терористички напади на британска територија

Истрагата на Скај Њуз открила дека ИД успеала да регрутира преку интернет „барем седумина Британци„ за да извршуваат терористички напади на британска територија, во стилот на „осмени волци“.

Новинарите комуницирале со Џунаид Хасан, 21 годишен муслиман од Бирмингем и со неговата сопруга Сали Џонс, од Чатам во англиската област Кент, кои се во Сирија.

Оваа поранешна британска панкерка, меѓу џихадистите позната како Ум Хасан, во сирискиот град Рака, што џихадистите го имаат под контрола, задолжена е да регрутира жени од Западот, за потребите на џихадистите од ИД.

Таа им признала на прикриените репортери на Скај Њуз дека има еден потенцијален бомбаш- самоубиец во Шкотска, како и дека двајца други од Велика Британија се обучуваат за извршување терористички напади.

Сали Џонс (Ум Хасан) за нив рекла дека станува збор за млади луѓе без никакво криминално, или екстремистичко досие.

Еден од командантите на ИД се пофалил дека 4-5 Британци се обучуваат да извршуваат терористички напади навор од територијата на „калифатот„ (совоената територија од Сирија и Ирак).

Откритијата на Скај Њуз доаѓаат по минатонеделното предупредување на некои лондонски весници дека џихадисти планираат напад, со подметната бомба, врз британската кралица Елизабета.

Нападот би требало да се случи за време на одбележувањето на 70 годишнината од крајот на Вторатата светска војна.

Весниците се повикуваа на безбедносни извори, но лондонската Метрополитен полицијата издаде соопштение во кое побара да не се создава паника и најави дека „нормално продолжуваат подготовките“ за одбележувањето на денот на победата.

 

 

Прочитајте повеќе:
ИСИЛ со закана до Македонија по акцијата за апсење на нивни членови

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.