Уапсени 13 проруски сепаратисти во Харков

Проруските сепаратисти илегално поставиле шатори и оградa од дрва и песок на харковскиот плоштад „Слобода“

Тринаесет приврзаници на идејата за федерализација на Украина во текот на изминатата ноќ се уапсени во Харков, јави ИТАР-ТАСС. Тие се приведени на централниот плоштад на источниот украински град.

Според властите, проруските сепаратисти илегално поставиле шатори и оградa од дрва и песок на харковскиот плоштад „Слобода“.

Вчера на централниот плоштад во Харков неколку стотици лица се собраа со барање за спроведување референдум за федерализација на Украина. Демонстрантите изразија солидарност со другите југоисточни региони во Украина, кои не ги признаваат новите власти во Киев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.