Уапсени 14 лица во врска со нападот во Истанбул

уапсени

Агенцијата Анадолија јави дека уште шест лица се приведени во врска со нападот во ноќниот клуб „Реина“, со што бројот на приведените се зголеми на 14 лица.

Сите приведени се испратени на сослушување во полицијата во Истанбул. Агенцијата не соопштува детали за осомничените, ниту каде биле приведени.

Полицијата добива многу сигнали од граѓани во врска со напаѓачот, откако беа објавени фотографии и видеоснимка со мажот.

Лако што јави ДПА, меѓу приведените е и сопругата на терористот. Таа била приведена синоќа во Коња во централна Турција. Се претпоставува дека напаѓачот, кој се уште е на слобода пристигнал во Турција од Сирија, заедно со неговото семејство во текот на ноември минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.