четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Уапсени 16 турски бизнисмени во рамки на истрагата против поддржувачи на пучот

Турските власти сметаат дека групата ФЕТО, чиј лидер е исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, е одговорна за неуспешниот обид за преврат во Турција на 15 јули.

132622376

Последни вести

Шеснаесет турски бизнисмени се уапсени денеска во рамки на истрагата против наводни поддржувачи на т.н. Фетулахистичка терористичка организација (ФЕТО).

Истанбулскиот суд издаде налози за апсења на бизнисмени, меѓу кои и Фарук Ѓулу, еден од браќата кои управуваат со синџирот Ѓулуоглу Баклавалар.

Истовремено, продолжува истрагата и против други 21 осомничен бизнисмен за членство во движењето на Фетулах Ѓулен.

Турските власти сметаат дека групата ФЕТО, чиј лидер е исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, е одговорна за неуспешниот обид за преврат во Турција на 15 јули.

Најчитани вести