Свет

Уапсени 17 луѓе во Малезија – подготвувале терористички напади

Уапсени 17 луѓе во Малезија – подготвувале терористички напади

Седумнаесет лица се уапсени во Куала Лумпур поради сомнение дека планирале терористички напади.

Двајца од уапсените се лица вратени од Сирија, објави началникот на полицијата Халид Абу Бакар.

Вкупно 92 лица за кои се смета дека имаат врски со џихадистичката Исламска држава биле приведени во Малезија од минатата година.

Последните апсења се извршени неколку дена откако Министерството за внатрешни работи предложи два нови закона за борба со тероризмот.

Согласно едениот нацрт закон, властите ќе може да приведат лица на неопределено време без да ги судат. Другиот предвидува одземање на пасошот на секој што е осомничен за учество или поддршка на терористички акции.

Во текот на оваа надела ќе бидат разгледани двата нацрт закони.