Македонија,Крими хроника

Уапсени 17 странци кои илегално влегле во земјава

Уапсени 17 странци кои илегално влегле во земјава

Седумнаесет странски државјани се уапсени вчера на новата железничка станица во Скопје поради илегален влез во земјава.

На шест сириски државјани по нивно барање им е дадено да пополност барање за признавање на азил и истите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за баратели на азил Визбегово, а додека останатите авганистански државјани ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци. Во групата нема жени ниту деца.