Уапсени 19 жители на албанското село Лазарат

Големи немири избувнаа во четвртокот во познатото албанско село Лазарат, кое се смета за легло на марихуаната. При немирите повредени се тројца полицајци, а 19 жители на селото се приведени.

Албанското МВР информираше дека  полицијата била нападната од повеќе групи на селани  меѓу кои предводеле членови на семејства  од кои во затворските келии има нивни блиски поради напади врз полицијата за време на уништувањето на големи количини на марихуана .

Состојбата и во петок е напната, а во селото има голем број на полицајци.

Инаку  ова село е познато по големото производство на дрога од типот марихуана и цели две декади беше надвор од контролата на албанските власти . Пред три месеца полицијата влезе во селото и уништи повеќе илјади тони дрога,  а во пресметката меѓу нарко дилерите и полицијата имаше и ранети.