Свет

Уапсени 23 лица осомничени за нападот во музејот во Тунис

Уапсени 23 лица осомничени за нападот во музејот во Тунис

Властите во Тунис денеска уапсија 23 лица осомничени дека го извршиле нападот во Националниот музеј Бардо минатата недела, во кој загинаа 20 туристи, изјави министерот за внатрешни работи Наџем Гарсили, објави МИА.

Тој истакна дека меѓу 23-те уапсени се наоѓа и една жена и оти тие се притворени како припадници на терористичка група, која била вмешана во нападот. Со апсењето е разбиено 80 отсто од оваа терористичка група.

Музејот Бардо требаше да биде повторно отворен за посетителите во вторник, но неговото отворање е одложено во последен момент поради безбедносни причини бидејќи Министерството за внатрешни работи соопшти дека Музејот се уште не може да прима голем број туристи.