Уапсени 30 имигранти на Закинтос

Грчките власти приведоа 30 сириски нелегални имигранти и седум лица кои се занимавале со недозволена трговија со луѓе на јонскиот остров Закинтос, јави МИА.

Лицата, кои се осомничени за пренос на имигрантите, од кои шестмина Грци и еден Сириец се предадени на судот.

Тие се обвинети за обид за префрлување на бегалци во северниот дел на островот, од каде тие требале со брод да стигнат до Италија.