Свет

Уапсени 30 водителки и модели – биле дел од синџир на елитна проституција

Уапсени 30 водителки и модели – биле дел од синџир на елитна проституција

Полицијата се сомнева дека во синџирот на проституција биле вмешани повеќе од 60 жени, кои заработувале и до 10.000 фунти од вечер. На листата на обвинети се нашла и една Плејбој зајачица.

Телевизиските станици во Романија се најдоа среде голем скандал. Повеќе од 30 телевизиски водителки и модели се уапсени поради истрага околу синџир на елитна проституција.

Полицијата во Букурешт испрашува 33 жени, од кои некои им се познати на јавноста, поради учество во злосторство во кое заработувале и до 10.000 фунти во една вечер, пишува Daily mail.

Raids Over 10K A Night TV Call Girl Scandal In Romania

Полицијата соопштила дека седум жени се обвинети, од кои една побегнала во Дубаи, а останатите 25 се сè уште под истрага.

Истражителите тврдат дека во ланецот на проституција бил можело да бидат вмешани уште најмалку 30 жени.

Локалните медиуми ги објавиле имињата на шест обвинети девојки, кои пред судот треба да се појават во петок.

Станува збор за 20-годишната Плејбој зајачица Дијана Никорас, 24-годишната Дијана Гуресоаие, 29-годишната Лавиниа Деспина, 24-годишната Рамона Попеску, 25-годишната Мирела Думитру и 21-годишната Гергиана Константин.

Организаторот на овој синџир на проституција на клиентите им наплаќал 1.500 фунти, само за да ги запознае со моделите, но и со телевизиските водителки.