Уапсени 5 Грузијци кои сакале да продадат Ураниум

Разузнавачката служба на Грузија информира дека уапсила група од пет Грузијци кои наводно се обидувале да продадат радиоактивен Ураниум за 3 милиони долари. Кај групата бил најден Ураниум -238 и Ураниум-235, пишува Ројтерс.

Осомничените планирале да продадат нуклеарен материјал Ураниум -238 и Ураниум-235 со тежина од 1,66 килограми за 3 милиони долари, вели претставник на грузиската безбедносна служба Савле Мотиашвили.

Според претставници на безбедносните служби, лицата биле уапсени додека го преместувале радиоактивниот материјал во зграда во Кобулети.

Ураниум-238 е високо радиоактивна супстанца и важна компонента за изработување на оружје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.