Уапсени 8 лица осомничени за поврзаност со терористот од Ница

Француската полиција упаси осум лица од блиското опкружување на терористот, кој вечерта на 14 јули во Ница со камион влета во толпата луѓе, усмртувајќи 86 лица, јави дописникот на МИА од Париз.

– Апсењата се извршени во текот на ноќта и тие се повразни со сторителот на делото. Се прават проверки и за тоа време лицата се во притвор, изјави претставник на полицијата.

Весникот „Нис-Матан“ наведува дека уапсените лица се со француско или туниско државјанство.