Уапсени 9 Бугари, местеле натпревари

Девет лица се уапсени кои се осомничени дека местеле натпревари во бугарскиот шампионат, соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи.

Министерството не сакаше да го открие идентитетот на фудбалерите кои се приведени во акцијата, но бугарските медиуми наведуваат дека тоа се играчите Александар Тунчев од ЦСКА, потоа напаѓачот на Локомитв Пловдив Мартин Камбуров и Кирил Котев од Черно Море.

Бугарските клубови во последните неколку години често пати беа на удар поради местење на натпревари, бидејќи во обложувалниците биле уплаќани големи суми на пари на резултати во тамошната лига.

Според бугарскиот закон од 2011-та година, обвинетите поради местење на натпревари и нелегално обложување би можеле да добијат и до осум години затворска казна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.