Уапсени четворица тапкароши во Бразил

Бразилските власти уапсија двајца Австралијанци и двајца Холанѓани, заради продажба на билети на црно за Светското првенство во Бразил, по превисоки цени.

Тие се обиделе да заработат на билетите за натпреварот меѓу двете земји што се одигра во Порто Алегре. Четворицата гости на Мундсијалот се обиделе да продадат 43 билети, секој по цена од 3.000 долари. Оваа цена е многу повисока од максималната што ја одреди Светската фудбалска федерација (ФИФА), пред мундијалот.

Највисоката цена ба билетитие за шампионатото во земјата на самбата и кафето изнесува 175 долари.