Свет

Уапсени десет момчиња кои сакале да се приклучат на ИД

Уапсени десет момчиња кои сакале да се приклучат на ИД

Десет момчиња се уапсени од страна на канадската полиција на меѓународниот аеродром во Монтреал при обид да ја напуштат земјата и да и се приклучат на џихадистичката група Исламска држава.

Групата била уапсена минатиот викенд, а им биле одземени и нивните пасоши. Момчињата се обвинети поради нивната намера да им се приклучат на милитантите од ИД, кои контролираат големи територии во Сирија и Ирак.

Се уште не е поднесена пријава против нив и полицијата разговара со нивните семејства. Апсењето е извршено неколку месеци откако пет момчиња и две девојки ја напуштија Канада и веројатно се придружиле на ИД.