Уапсени двајца албански имигранти во БиХ

Припадниците на пограничната полиција во Требиње синоќа спречија двајца државјани на Албанија на илегален начин да ја преминат државната граница, соопшти денеска граничната полиција на Босна и Херцеговина.

Поради кршење на Законот за движење и престој на странци, двајцата Албанци се лишени од слобода и изведени пред Основниот суд во Требиње, кој изрече предлог за нивно протерување од територијата на БиХ.

Илегалните имигранти се предадени на Службата за работа со странци на БиХ на понатамошна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.