Уапсени двајца дилери од Скопје

Кривична за дилер од Струмица
Кривична за дилер од Струмица

Полицијата реализираше два одделни случаи на недозволена трговија со наркотична дрога и оружје, при што поднесени се кривични пријави против С.Л. (40) и С.К. (22), двајцата улични дилери од Скопје, на кои од страна на Судија во претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од по 30 денови.

Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиени сознанија за двајцата пријавени дека во текот на овој месец од зесега непознати лица, неовластено набавиле поголема количина на кокаин односно марихуана, кои ги препакувале во помали количини и истате ги препродавале на уживатели од Скопје, превзеде оперативно мерки и активности за потврдување на сознанието.

Извршен е претрес во домовите на С.Л. и С.К.

Притоа  кај С.Л. се пронајдени 6,44 грама кокаин, една дигитална вага, на која по извршеното вештачење се детектирани траги од  кокаин, четири куршуми кал. 7,62 наменети за испалување од полуавтоматски пиштол и автомат, како и една рамка од полуавтоматски пиштол „Црвена Застава“, додека кај С.К. се пронајдени 13,05 грама марихуана, гасен пиштол Екол специјал 99, прилагоден во огнено оружје со што овозможува истрелување на проектили од пиштолска муниција со кал 7,65 мм, 67 куршуми пиштолска муниција различен калибар, дробилка за ситнење на марихуана и две дигитални ваги на кои по извршеното вештачење се детектирани траги од  марихуана и кокаин.

Двајцата се приведени, но не дале појаснување за пронајдената наркотична дрога и оружје во нивните домови, како и за тоа од кого и од каде ги набавиле.

Инаку, С.Л. отслужил казна затвор во трење од една година за извршена разбојничка кражба во Германија, а против С.К. СВР Скопје досега има поднесено три кривични пријави за извршени кривични дела – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, -“тешка телесна повреда“ и “насилство“.

Со овој случај, од почетокот на акцијата “Мрежа“ до сега кривично пријавени се над 150 нарко дилери а запленети се и преку  515 килограми различни видови дрога.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.