Свет

Уапсени двајца осомничени терористи кои планирале напади во Брисел

Уапсени двајца осомничени терористи кои планирале напади во Брисел

Полицијата во Белгија во неделата и понеделникот уапси две лица во различни делови од државата, осомничени дека планирале напади во Брисел за време на новогодишната вечер.

За време на претрес на куќи во провинција соседна на Брисел и Лиеж, вкупно шест луѓе се приведени на сослушување, но четворица се ослободени.

Полицијата пронашла воена облека и пропаганден материјал на Исламска држава, но не пронашла оружје ниту експлозиви.