Уапсени двајца скопјани барани за издржување затворска казна

Постапувајќи по судска наредба, вчера СВР Скопје го лиши од слобода лицето Николча Д. (48), од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење  од две години, за сторено кривично дело „затајување”.

Полицијата, постапувајќи по судска наредба, вчера го лишила од слобода илицето Идриз Е.(32), од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење  од шест месеци, за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Николча Д. и Идриз Е. се спроведени во  ПС „Кисела Вода“ за натамошна постапка.