Уапсени двајца Скопјани: Чувале дрога и фалсификувале документи

Две лица од Скопје на возраст од 28 и 35 години се задржани во притвор откако полицијата при претрес во нивните домови пронашла поголеми количини марихуана, соопшти полицијата.

Двајцата Скопјани на почетокот на месецов од непознато лице  набавиле и држеле кај себе неодредена количина наркотична дрога – марихуана. По судски налог, полицијата извршила претреси во домовите на осомничените и притоа во домот на едниот пронашла една дигитална вага и 62,35 грама наркотична дрога –марихуана, а во домот на другиот 36,6 грама наркотична дрога –марихуана. Од страна на судија во претходна постапка на двајцата пријавени лица им се изречени мерка притвор во траење од 30 денови. Пронајдените предмети се одземени и однесени на вештачење.

Инаку, во изминатиот временски период против  едното од овие две лица веќе е поднесена една кривична пријава за сторени кривични дела – “фалсификување исправа“ за што тој ебил казнет со казна затвор до четири месеци.