Уапсени две лица кои се сомничат за тероризам во Косово

Утрово на Косово уапсени се уште две лица кои се сомничат дека регрутираат лица за тероризам, организација и учество во терористички групи и предизвикување на национална омраза, расна, верска и етничка нетрпеливост.

Во текот на апсењето, запленети се и материјални докази кои се поврзани со обвинувањата.

Еден од уапсените е имам во Ел Куддус џамијата во Гњилан и се сомничи дека бил еден од главните проповедници за џихадот. Уапсен е во својот автомобил во планинскиот предел во близина на неговиот дом.

Другиот осомничен е од селото Полац и е пронајден во својот дом. На двајцата им е одредена мерка за задржување од 48 часа.

Полицијата на Косово во понеделникот утрото уапски 40 лица под сомневање дека учествувале во борбите во Сирија и Ирак, пружајќи им поддршка на терористичките групи ИСИС и Ал-Нусра. Во вторникот беа изнесени пред истражен судија, кој за мерката притвор треба да се изјасни во текот на денешниот ден.