Уапсени две лица во антитерористичка акција во Берлин

Германската полиција уапси денеска две лица во антитерористичка операција во Берлин, јави ДПА, пренесе МИА.

Двајца мажи на возраст од 41 и 43 години се осомничени за планирање голем напад во Сирија, според изјави на адвокати и полицијата.

Полицијата трага по уште двајца осомничени. Нема докази дека приведените планирале напади во Германија.