Уапсени две лица за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов

Руската полиција ги уапси Анзор Габашев и Заур Дадајев, двајцата од северен Кавказ, поради сомнение дека стојат зад убиството на рускиот опозиционер, Борис Немцов.

Руската телевизија „РЕН“ синоќа објави дека истражните органи дошле до видео снимките на кои се гледаат двајцата осомничени за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов.

Опозициониот лидер Борис Немцов е убиен на 27 февруари во непосредна близина на Црвениот плоштад во центарот на Моксва и тоа на само два дена пред почетокот на големиот митинг кој го организираше опозицијата.