Уапсени џихадисти во Косово

Косовската полиција вчера во регионот на Митровица уапсила најмалку тројца косовски џихадисти под сомневање дека планирале напад на база  на КФОР, јавуваат денеска приштинските медиуми, пренесе МИА.

Апсењето следувало по добиените информации на косовската тајна служба, за кои бил информиран и КФОР.

Медиумите јавуваат дека уаспените се ветерани од војните во Сирија и Ирак и припадници на  терористичките организации Ал Нустра, Џабхату и ИСИС.

-КФОР од неодамна видно ги има зајакнато мерките на безбедност, контролите и активностите на Косово. И косовската полиција, исто така, има зголемени  активности против оние за кои има сомнежи дека се поврзани со терористички организации, наведуваат медиумите.

Под сомнение за потткнување, регрутирање и испраќање лица на боиштата во Сирија и Ирак, косовската полиција приведе и дванаесет имами, на кои првично им беше одредена мерка затвор, но дел од нив потоа беа пуштени во домашен притвор, а меѓу нив и имамот на Големата џамија во Приштина, Шефќет Красниќи. Според кривичниот законик на Косово, лицата обвинети за тоа но може да добијат од 5 до 10 години затвор.