Уапсени Кривопаланчани за шверц на цигари

Министерството за внатрешни работи ги уапси М.С. (35) и Л.Ј. (34), и двајцата од Крива Паланка поради шверцување на акцизна стока.

Имено, двајцата приведени се забележени во близина на граничниот премин “Деве Баир“ како на грбот носат пакети покриени со шаторски крила а во рацете по една транспортна војничка торба.

Во товарот кој го носеле пронајдени се 1.520 кутии цигари со македонска заштитна маркица, бандерола. Од М.С. и Л.Ј. одземени се по 500 кутии цигари марка „57“; 250 кутии цигари марка „Трокадеро“ слим и 10 кутии цигари марка „Ева“ слим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.