Уапсени ограбувачите на милионски суми кај аеродромот во Тирана

Албанската полиција успеа да стави зад решетки четворица од шестмината разбојници, кои во четвртокот, во близина на меѓународниот аеродром во Тирана украдоа 2,7 милиони евра, банкарски средства кои требало да бидат транспортирани во Австрија.

Во полициската операција насловена „Патриот“ реализирана во Вора, кај Тирана, Преза, Крја и уш Круја, уаспени се Фатион Џулиу (33), Дитјон Мемлика (31) поранешен старешина во албанската армија, Неим Авдулај (28) поранешен професионален војник во базата Залхер и Ернест Купа, бизнисмен.

Двајца од нив биле и припадници на албанската единица Командоси, учесници во мировна мисија во Авганистан. Полицијата трага по две лица.

Медиумите пренесуваат дека најден е дел од украдените пари кои се во разна валута, фунти, канадски и американски долари, евра.

Истрагата потврдила дека разбојниците се истите лица кои на истиот пат, во 2015 година, со иста шема, украдоа три милиони евра.