Уапсени околу 100 исламски екстремисти во Тунис

Властите во Тунис уапсиле околу 100 исламски екстремисти во изминатите три дена, од кои некои подготвувале напади, соопштија денеска туниските власти.

Министерството за внатрешни работи на Тунис објави видео снимка што докажува дека џихадистичката група Исламска држава имала влијание на некои од уапсените.

Безбедносните сили откриле терористичка ќелија во градот Хамам Гзаз, која подготвувала експлозив со цел да ги употреби во напад врз зградата на службата за безбедност, соопшти портпаролот на министерството за внатрешни работи Мохамед Али Аруи.

На видео снимката се гледа дека ќелијата имала упатство за правење експлозив и фотографии од Абу Бакр ал Багдади, лидерот на групата ИС, која е активна во Ирак и Сирија.

Тунис води кампања против исламистички групи што се појавија во транзицискиот период по 2011 година, кога е соборен лидерот Бен Али.