Балкан

Уапсени осум Бугарки бидејќи склучувале фиктивни бракови

Уапсени осум Бугарки бидејќи склучувале фиктивни бракови

Кипарската полиција уапси осум Бугарки во рамките на истрагата за склучување фиктивни бракови, соопштуваат локалните медиуми.

Уапсените се исто така и двајца Пакистанци, еден Кипарец и двајца адвокати, кои најверојатно се членови на мрежата за измами со лажни бракови.

Три од уапсените Бугарки се изјасниле дека имаат потпишано документи што им биле претставени како договори за работа. Од кипарската полиција изјавија дека жените најверојатно се жртви на мрежата, која привлекувала сиромашни и необразовани жени од Источна Европа.

Целта била склучување на брак на Пакистанци со Романки и Бугарки, со тоа што пакистанските државјани би добиле право да живеат и работат слободно во земјите од Европската унија.