Уапсени познати дилери на хероин од Скопје

М.Ш. (42) и С.С. (45), познати улични дилери на хероин од Скопје, на кои од страна на Судија во претходна постапка идобија кривична пријава и им е одредена мерка притвор во траење од по 30 денови.

Пријавените, од кои М.Ш. двапати кривично пријавуван, додека С.С. еднаш, во периодот од јули наваму набавиле поголема количина на хероин, која во зависност од побарувачката ја препакувале во помали количини и истата ја препродавале на уживатели од Скопје.

По потврдување на сознанието, Единицата за недозволена трговија со дрога, во две одделни акции во непосредна близина од домовите на пријавените, изврши претрес на шест лица од Скопје и кај сите е пронајдена по една полиетиленска паковка, со  вкупно 3,55 грама хероин.

Извршен е и претрес во домот и други простории на пријавените при што кај М.Ш. е пронајдена и одземена една поголема полиетиленска паковка со хероин со вкупна тежина од 8,46 грама, додека кај С.С. се пронајдени и одземени 27 помали полиетиленски паковки со хероин со вкупна тежина од 4,27 грама и една паковка кокаин (0,05 грама).

Двајцата се приведени истите не  дале појаснување за пронајдената дрога во нивните домови, како и за тоа од кого и од каде ја набавиле.