Уапсени разбојници кои ограбиле човек во Аеродром

СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава ги предаде лицата С.Т. (39) и С.В. (31) и двајцата  од Скопје поради сомнеж дека извршиле разбојништво и при тоа се здобиле со противправна имотна корист од околу 500 денари.

На С.Т. му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Пријавените разбојништвото го извршиле  минатиот месец во Аеродром, на тој начин што откако  оштетениот  излегол од „ТТК Банка“ каде плаќал сметки му се приближиле  и С.Т. му побарал 1.000 денари со цел да плати сметка во банка, но  оштетениот  му рекол дека нема пари и си заминал. Горепријавените потоа го пречекале  на паркинг зад зградата  и во еден момент второпријавениот С.В. почнал да го удира со тупаници по главата, а С.Т. од задниот џеб на оштетениот му одзел 500 денари  и со трчање се оддалечиле од местото на настанот.

Во просториите на полициската станица „Гази Баба“ во присуство на дежурниот јавен обвинител извршено е лично препознавање при што од страна на оштетениот  со сигурност се препознаени С.Т. и С.В. како сторители на кривичното дело. Инаку, С.Т. е  регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против животот и телото, кривични дела против правниот сообраќај како и кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај за што  му се поднесени  16 кривични пријави. Второпријавениот С.В. е исто така регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против здравјето на луѓето,  кривични дела против животот и телото, како и  кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај за што му се поднесени седум кривични пријави.