петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 0

Уапсени шест лица за поврзаност со нападите во Брисел

zaventem-brisel

Поврзани вести

Белгиската полиција синоќа уапси шест лица во рамки на истрагата за нападите врз аеродромот и метро станицата во Брисел во вторникот, при што загинаа 31 лице.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, лицата биле уапсени при полициски акции во центарот на белгиската престолнина и во населбите Скарбек и Јете во северните делови на градот.

Белгискиот федерален обвинител Фредерик Де Леув за новинската агенција Белга, потврдил дека синоќа околу 21 часот била спроведена операција на специјалните полициски сили во Скарбек, при што неколку сведоци потврдија дека се слушале и експлозии, а два часа подоцна бил прогласен безбедносен периметарво тој дел од градот.

Според Белга, во операцијата во Скарбек учествувал и бомбашки тим на полицијата, кој од населбата однел автомобил марка „Мерцедес“. При акција во Скарбек, каде завчера беше откриен и станот што го изнајмувале браќата Ел Бакруи, кои се саморазнесоа на аеродромот „Завентем“ и на метро станицата „Малбек“, беа пронајдени 15 килограми експлозив, 150 литри ацетон, детонатори, шајки и шрафови за подготовка на т.н. домашни бомби.

Рано утринава, пак, според обвинителот Де Леув, во акција на полицијата во Јете, населба што се наоѓа веднаш до Скарбек, биле уапсени две лица, а уште едно лице е лишено од слобода во близина на центарот на Брисел.

Сите овие се на некој начин поврзани со терористичките напади што се случија во вторникот во Брисел, во кои загинаа 31 лице, а 300 беа повредени, од кои 63 се уште се наоѓаат во тешка состојба.

Претходно синоќа, францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев соопшти дека во близина на Париз бил уапсен француски државјанин, кој е осомничен за членство во милитантна група која планирала напади во Франција.

– Ова апсење помогна да се спречи заговор во Франција кој бил во поодмината фаза, изјави Казнев во обраќање кое беше пренесувано на француската национална телевизија.

По апсењето полицијата извршиле претрес во зградата во која живеел осомничениот во париското предградие Аржантој, при што пронашла експлозив.

Казнев исто така нагласи дека засега нема докази за поврзаност меѓу нападите во Брисел во втроникот и оние во Париз од 13 ноември минатата година.

Белгиското јавно обвинители меѓутоа вчера соопшти дека бомбашот-самоубиец кој го изврши нападот на метро станицата во Брисел, имал изнајменп куќа што била користена како засолниште за терористите од Париз, поради што полицијата уште од декември трагала по него.

Најчитани вести