Балкан

Уапсени шестмина специјалци за филмски грабеж на комбе со пари

Уапсени шестмина специјалци за филмски грабеж на комбе со пари

Шестмина припадници на Специјалната полиција во Република Српска синоќа се уапсени поради грабеж на блиндираното возило на компанијата „Сектор секјурити“ на 22-ри септември минатата година на автопатот Бања Лука – Градишка, недалеку од местото Церовљани, пишува „Дневни Аваз“.

Како што се дознава, уапсените се активни припадници на специјалната полиција. Еден од нив паднал на полиграф, а другите двајца одбиле полиграфско испитување.

Разбојниците тогаш украле 600.000 марки, а се работи за пари на банката Уникредит, кој требало да биде транспортиран во централата во Загреб.

Во пукотниците во кои беа користени автоматски пушки и ракетен фрлач беше ранет вработениот „Сектор секјурити“ Ѓураѓ Бајиќ.

Во грабежот бил користен авотмобил Ауди А6, а истиот бил пронајден по два дена скриен во шума, недалеку од местото каде се случило разбојништвото.