Балкан

Уапсени шест лица осомничени за воени злосторства во БиХ

Уапсени шест лица осомничени за воени злосторства во БиХ

Полициските службеници на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) утрово, по наредба на Обвинителството на БиХ уапсиле шест лица поради воени злосторства, пренесува Танјуг.

Уапсени се З.Н. (1963), Е.К. (1966), Х.М. (1954), С.С. (1967), Н.Б. (1975) и С.И. (1971) поради постоење основани сомненија дека сториле кривично дело „воено злосторство против цивилното население“ и „воени злосторства против заробеници“, на подрачјето на општината Бужим во периодот 1994 и 1995-та година.

Уапсените ќе бидат приведени во службените простории на СИПА, каде ќе биде спроведена криминалистичка обработка, по што ќе бидат предадени на обвинителството во БиХ за понатамошна постапка.