Уапсени шест лица за трговија со луѓе во Лондон

Новата единица на лондонската полиција за борба против трговија со луѓе и киднапирање, уапсила шест лица кои се осомичени дека вршеле трговија со луѓе.

Лондонската полиција информира дека тие се уапсени поради обвинувањата дека тргуваат со луѓе поради сексуални искористувања, контрола на проституцијата и перење на пари.

Групата се соминичи дека злоупотребила повеќе од 100 жени во трговија со луѓе. Апсењата се изврешни во склоп на истрагата за криминална група од Унгарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.