Уапсени скопјани кои криумчареле мигранти

Кривична пријава за И.Р.(26) и С.Д. (22), двајцата од село Волково кои криумчареле мигранти.

Вчера полицијата на патните правци Гевгелија-Скопје помеѓу тунелите кај Демир Капија и с.Удово-Демир Капија, се обидела да сопре патничко возило „опел корса“ управувано од И.Р., кој на дадениот знак не застанал туку продолжил со движење, а по некое време забележани се илегални мигранти кои излегувале од возилото. По преземени мерки возилото е запрено во близина на Неготино. Исто така, од страна на полициски службеници извршена е контрола на патничко возило „форд фиеста“ управувано од С.Д. во кое биле пронајдени тројца сириски државјани.

UaОд страна на судија во претходна постапка на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од по осум дена, а странските државјани се сместени во Прифатниот центар за странци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.