Уапсени три лица кои криумчареле мигранти

Б.Џ. (33), С.А. (40) И Ѓ.Б. (27) добија кривична пријава поради сомнение дека организирале група и поттикнале трговија до луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти.

На 19 – ти август годинава од страна на тројцата пријавени по претходен договор прифатиле лица со илегален влез и престој во земјава во близина на селото Марвинци со намера да ги превезат до Куманово. Истиот ден била извршена контрола на возила од марките “Волво” и “Опел Омега” со скопски таблички. Во првото возило, управувано од С.А. биле откриени три илегални мигранти од Сирија на возраст од 24 до 27 години, додека во второто возило управувано од Ѓ.Б. биле откриени шест илегални мигранти од Авганистан на возраст од 10 до 31 година.

По извесно време поради основи на сомневање дека дел од групата е лицето Б.Џ. кое управувало со возило од марката “Опел Вектра” со кумановски таблички истиот е запрен и приведен во полициската станица во Неготино. Б.Џ. имал улога на т.н претходница, а воедно и превезувал лица илегални мигранти.

На пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.