Уапсени уште двајца осомничени за поврзаност со напаѓачот од Париз

Во рамки на истрагата за убиството на еден полицаец и неговата сопруга во предградието на Париз, кое француските власти го окарактеризираа како терористички напад денеска се уапсени две лица.

Извори од полицијата изјавија дека двете лица се поврзани со Лароси Абала, кој го уби полицаецот, а потоа се забаракадира во неговата куќа, убивајќи ја и неговата сопруга.

Полицијата го ликвидираше, а во акцијата е спасено нивното тригодишно дете.