Уапсени уште две лица за нападот во Ница

Француската полиција денеска во Ница уапси маж и жена поради поврзаност со Мохамед Лахуај Булел кој во четвртокот вечерта со камион влета во толпа луѓе на шеталиштето во градот, а одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава, пренесува МИА, повикувајќи се на Танјуг.

Претходно полицијата во Франција притвори петмина осомничени меѓу кои и сопругата на Булел.

Булел (31) кој е роден во Тунис, а живеел во Ница со камионот влета меѓу толпа луѓе на познатото шеталиште во градот, кои го набљудувале огнометот по повод 14 јули, при што уби 84, а рани повеќе од 300 луѓе.

Според светските медиуми властите Франција сега треба да докажат дека тој бил радикализиран исламист, а министерот за внатрешни работи Бернар Казнев истакна дека постои можност Булел многу брзо да бил радикализиран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.