Уапсениот на поменот на Јелена: Секогаш му бев љубоморен на Зоран, а сега го мразам…

Пријател на семејството Марјановиќ го пријавил непознатиот маж на инспекторите што набрзо дошле на гробот.

Мистериозниот маж што упадна на 40-дневниот помен на пејачката Јелена Марјановиќ на гробиштата во Борча е сослушан, а по сослушувањето бил пуштен дома.

Роднините, како што пренесуваат српските медиуми, говореле дека момчето е сомнително но дека тие не веруваат дека тој е убиецот.

Премногу е слаб и ситен за да може да ја совлада нашата Јелена. Таа би знаела како да се одбрани од него. Сепак не ни е јасно што бара тој тука и зошто дошол на поменот, кога никој не го познава, раскажуваат роднините.

Пријател на семејството Марјановиќ го пријавил во полиција. Полицајците почекале да заврши поменот. Кога момчето излегло и се упатило кон Зрањанински пат, тие ги привеле. Момчето не пружало отпор, туку мирно влегло во автомобилот.

Јелена ја познавав долго, бевме пријатели, многу ја сакав. Секогаш бев љубоморен на нејзиниот сопруг Зоран, затоа што имаше толку убава жена. Сега го мразам затоа што незнаеше да ја зачува. Ништо нема да ме спречи и понатаму да одам на гробот, ќе палам свеќа секој ден до крајот на животот. Ништо лошо не направив што дојдов на гробиштата. Ако треба ќе помогнам и ќе ја чувам нејзината ќеркичка, вели тој.