Уапсениот за бомбашкиот напад во Бангкок не е турски државјанин

Уапсениот за бомбашкиот напад во Бангкок не е турски државјанин
Уапсениот за бомбашкиот напад во Бангкок не е турски државјанин

Полицијата во Тајланд и амбасадата на Турција денеска соопштија дека лицето уапсено вчера, осомничено за подметнување на експлозив во храм во Бангкок има фалсификуван турски пасош, но сигурно не е државјанин на Турција, објави МИА.

Осомничениот подметнувач на експлозив во храмот Ераван, на 19 август, кога загинаа 20, а беа ранети над 100 лица, засега молчи и не соработува со истражителите.

Уапсениот е откриен во стан во предградие на Бангкок, а полицијата таму пронашла поголеми количества експлозив и повеќе фалсификувани пасоши.

Фактот дека осомничениот во Тајланд претстојувал со турски пасош уште повеќе ги зацврсти претпоставките дека подметнатата експлозија е направена како освета за депортирање на 109 припадници на муслиманското сепаратистичко племе Ујгур во Кина, каде што ќе им се суди за сепаратизам и тероризам.

Претходно на група од 390 бегалци од племето Ујгури Тајланд им дозволи да отпатуваат во Турција, а по острата реакција на Пекинг, воените власти одлучија да ги вратат во Кина.