Уапсените терористи во Марсеј и Стразбур планирале напади на 1 декември

Шест дена по апсењето на седум лица во Марсеј и Стразбур, осомничени за вмешаност во организирање  напади, јавниот обвинител на Париз, Франсоа Moлан на прес-конференцијата изјави дека тие биле наведувани од Исламска држава, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Моето обвинителство отвора денеска кривична истрага поради обвинение за здружување на терористички криминалци и стекнување, поседување, транспорт, снабдување и нелегално отстапување оружје, во група поврзана за терористички потфат, изјави  Франсоа Молан .

Обвинителството за нив ќе бара притвор.

Апсењата извршени во Стразбур и Марсеј во ноќта меѓу саботата и неделата спречија нов смртоносниот акт, рече обвинителот.

Двајца од осомничените уапсени во Марсеј, кои ги сместиле осомничени терористи биле ослободени. На петте други осомничени им е продолжен притворот исклучително подолг од законски предвидениот рок од 96 часа во четвртокот.

За време на неговото сослушување од страна на инспекторите од Дирекцијата за внатрешна безбедност, еден од осомничените од Стразбур дал детали за целите на групата. Тој го споменал  особено седиштето на судската полиција  во Париз, која се наоѓа на познатиот  36 Кеј д’Орфевр  или седиштето на дирекцијата за внатрешна безбедност во Левалоа Пере како и забавниот парк Дизниленд, наведуваат неколку француски медиуми.

Наводните џихадисти, исто така, се фокусирале на Божиќниот  пазар од Шанзелизе, барови во дваесеттиот париски арондисман во Париз, метро станици, повеќе места за богослужба.

Групата планирала  да преземе акција на 1 декември.

Групата од Стразбур планирала да премине во акција на 1 декември“, потврди Франсоа Mолан. Сепак, невозможно е да се каже во оваа фаза на истрагите точно кои цели се идентификувани.

Обвинителот, исто така, даде детали за профилите на осомничените уапсеин во Стразбур. Станува збор  Јасин Б., 37-годишен, вработен во школо, Хишам М.37-годишен, вработен како магационер, Сами Б., француско-туниски државјанин 36-годишен вработен во самопослуга и Закарија M ., француско-марокански државјанин 35 години.

Петтиот човек во притвор, Хихам М 46 години Мароко уапсен во Марсеј, бил пријавен за  радикализација од разузнавачките служби на Португалија, каде што живеел.

Судијата рече дека двете “ќелии” не биле во директен контакт. Сепак, “им беа заеднички инструкциите на кои доаѓале од сириско-ирачката зона“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.