Уапсено лице на Блаце, кое се барало со потерница

Во средата при влез во Република Македонија, на граничниот премин Блаце, било уапсено лице Г.М. (30) од Приштина, Косово кое се барало со меѓународна потерница од Република Германија.

Г.М. во Германија се бара за извршување на вооружен грабеж.

Од страна на македонскиот Суд, на Г.М. му е одреден екстрадиционен притвор во времетраење од 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.