Уапсено лице поради сомнение за кражба на податоци од НСА

Весникот Њујорк тајмс наведува дека се работи за Агенцијата за национална безбедност (НСА).

Уапсениот Харолд Томас Мартин работел за американска разузнавачка агенција, специјализирана за шпионирање светски комуникации. Осомничен е дека украл информатички кодови за хакерски упади во мрежи на странски влади, наведува весникот.