Уапсено уште едно лице во акцијата „Мрежа“

Единица за недозволена трговија со дрога, сво рамки на оперативната акција “Мрежа“ со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде М.Д. (31) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

За сторенито кривични дело казниво по член 215 од КЗ, од страна на Судија во претходна постапка на М.Д. му е одредена мерка притвор во траење од 15 денови.

Имено, единицата за недозволена трговија со дрога, по добиеното сознание дека пријавениот, кој е познат дилер на синтетички дроги, за што досега е двапати кривично пријавуван, закупил стан под наем во населбата Автокоманда, од каде по претходен телефонски договор со уживатели, од дома им продава анфетамин, екстази, хашиш смола и марихуана, а понекогаш им овозможува и користење на истата во неговиот дом, превзеде мерки и активности за документирање на добиеното сознание.

По превземените опертивно мерки во непосредна близина од домот на пријавениот, на едно лице од Скопје му извршен личен преглед и кај истиот се пронајдени 0,42 грама синтетичка дрога-анфетамин. По ова со Наредба од Судија на претходна постапка, завчера беше извршен претрес во домот и други простории на М.Д., при што е пронајдено и одземено 49,62 грама марихуана, пет таблети екстази, незначителни количества (четри милилитри) хашиш смола, два пластични сада, во кои била изработувана смолата и дигитална вада со остатоци од синтетички дроги.

М.Д. е приведен во службените простории на СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, каде одбивал да даде појаснување за пронајдената наркотична дрога во неговиот дом, како и за тоа од кого и од каде ја набавил. Инаку, досега во рамки на акцијата “Мрежа“ се уапсени над 100 лица при што запленети се околу 510 килограми разни видови дрога.