Уапсеното момче откри зошто на поменот на Јелена дошол во дрес

Уапсеното момче на 40-дневниот помен на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ , Никола Маријоковиќ смета дека не направил ништо лошо туку дека само да оддаде чест на една прекрасна личност.

Тој по апсењето раскажал од кога ја познавал Јелена, како и дека таа се дружела со неговата сестра. Тој спомна дека Јелена на нив двајцата, затоа што живееле многу тешко, постојано им праќала гардероба и им помагала, а дека тоа сведочи каков човек била.

Тој вели дека Јелена ја запознал уште во 2000-тата година кога со нејзиниот татко Дуле дошла во локалното радио во Борче да го промовира нејзиното прво ЦД.

Во тоа радио работев како тон-мајстор. Подоцна пееше со мојата сестра Далиборка во кафеана и често ние тројца одевме на пијачка. Мојата сестра пред три години почина од карцином, а со Јелена не бев во контакт откако се омажи, вели тој.

Тој не можел а да не помине незабележено на поменот, затоа што не познавал никого, а дошол во дрес на кој пишувало „Михајловиќ“ што на сите им било мошне чудно. Меѓутоа, тој и за тоа има причина.

Тој дрес ми го подари мојата покојна сестра. Ние тројца на некој начин се дружевме. Сакав повторно да бидеме на исто место, вели Никола.

Таа истакнува дека по се што се случило тој се плаши за сопствениот живот.

Кога излегов од полицијата цело време се плашев дека некој ќе ме пречека пред зградата или на  улица. Се прашував себе си што ми требаше ова и што направив лошо. Никому ништо не должам, немам досие, вели Никола и додал дека има 60 килограми и дека како таков и да сакал не би можел да и’ наштети на пејачката, затоа што таа била посилна и покрупна.