Убава вест за дечињата без родители во Македонија

Раководството на домот за дечињата без родители и родителска грижа „11-ти октомври“, предводено од директорката Ристенка Атанасова информираат за убава вест за дечињата.

Имено, во изјава за Курир, директорката информира дека во Србија, Бела Црква, е склучен договор за соработка и стручна размена на деца на летен одмор.

Оваа меѓународна соработка е продолжение на одличните односи кои датираат уште во времето на Југославија поткрепени со збратименост на домовите.

Атанасова ја обновува ваквата соработка во име на своите штитеници.

Дечињата ќе другаруваат на две нивоа. Стручна размена меѓу воспитувачите каде еднаш годишно два воспитувачи од Бела Црква ќе дојдат во Македонија, а следната година нашите одат на стручна размена кај нив.

Она што ги израдува дечињата е дека за време на летниот распуст 10 од нив ќе одат на одмор во другата земја.

На тој начин, освен голема дружба, ќе има и размена на искуства.