Македонија,Економија

Убава вест за возачите: Горивата поевтини за половина денар

Убава вест за возачите: Горивата поевтини за половина денар

Горивата од ноќеска на полноќ на бензинските пумпи ширум земјата ќе се точат по пониска цена за половина денар, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за половина денар за литар.

Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде  78,50 денари за литар, цената на  ЕУРОСУПЕР БС-98  80 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68  денари за литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 56,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден/кг и ќе изнесува 40,926 ден/кг.