недела, 15 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Убедлива победа на Карпош Соколи над Крка

Со 24 поени Драган Лабовиќ беше најефикасен на дуелот, додека во редовите на Крка ниту еден играч не постигна двоцифрен број поени.

karpos-sokoli

Поврзани вести

Кошаркарите на Карпош Соколи ја постигнаа четвртата победа во АБА лигата откако денеска во натпревар од 14.коло на домашен терен ја победија Крка со 83:56. Резултат по четвртини: 25:16; 15:10; 24:13 и 19:17.

Кошаркарите на Карпош Соколи беа подобри во текот на целиот натпревар и сосема заслужено ги добија сите четири периода. Со 24 поени Драган Лабовиќ беше најефикасен на дуелот, додека во редовите на Крка ниту еден играч не постигна двоцифрен број поени.

Вториот македонски тим во АБА лигата МЗТ Скопје Аеродром загуби вчера на домашен терен од шампион Црвена Звезда со 93:73.

Табела: Црвена Звезда 14-0 (победи-порази), Партизан 10-3, Будуќност 10-3, Цедевита 9-4, Цибона 9-4, Игокеа 7-6, Задар 5-9, Олимпија 5-8, ФМП 4-10, Карпош Соколи 4-10, МЗТ Скопје 4-10, Крка 5-9, Морна 4-9, Мега 4-9.

Најчитани вести