Спорт

Убедлива победа на Њујорк против Челзи

Убедлива победа на Њујорк против Челзи
Тимот на Њујорк дури четири пати ја тресеше мрежата на Челзи

Преставникот од МЛС лигата славеше против шампионот на Англија со 4:2, победа која особено добива на тежина ако се знае дека Жозе Мурињо на теренот излезе со силен состав.

Инаку мечот на „Ред Бул Арена“ го одбележаа одличното второ полувреме на домаќините како и катастрофалните грешки на голманот на „сините“, Асмир Беговиќ кому ова му беше деби натпревар за тимот од Лондон.

Јунак на победата на Ред Бул беше Шон Дејвис кој постигна два гола, а во листата на стрелците се запишаа Френклин Кастељанос и Талјер Адамс. Головите за Челзи ги постигнаа Лоик Реми и Еден Азар.