петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 48

Убедливи победи на Клинтон и Трамп на првичните избори во САД

133057067

Последни вести

Доналд Трамп победи вчера на првичните избори на Републиканската партија во Флорида, Северна Каролина и Илиноис, но загуби во Охајо, каде победата ја однесе гувернерот Џон Кејсик.

Хилари Клинтот победи на првичните избори за претседателски кандидат на Демократската партија во најмалку четири држави, Флорида, Северна Каролина, Охајо и Илиноис, нанесувајќу му тежок удар на нејзиниот соперник, сенаторот од Вермонт Барни Сандерс.

– Уште еден супервторник за нашата кампања. Се приближуваме кон тоа да ја добиеме номинацијата на Демократската партија и да ги победиме на изборите во ноември, рече Клинтон пред своите приврзаници.

Сенаторот на Флорида Марко Рубио изјави вчера дека се повлекува од трката за номинација на претседателски кандидат на Републиканската партија, откако беше победен во неговата држава од Трамп.

Кејсик останува единствениот кандидат, поддржан од традиционалното јадро на Републиканската партија.

Трамп победата ја почна со освојување на речиси 73 отсто од гласовите на партиските конвенции на Северните Мариански Острови.

Засега не се познати резултати од гласањето во Мисури, каде првичните изборите и кај демократите и кај републиканците изгледаат мошне комплицирано. Според прогнозите Клинтот е рамо до рамо со Сандерс, а Трамп има речиси еднаков резултат со Круз.

Клинтон победи на првичните избори во Мисури, според прогнозите на телевизијата Ен-Би-Си. По пребројувањето на на 99 проценти од гласачките ливчиња утврдено е дека Клинтон освоила 49,6 отсто од гласовите (односно 310 илјади гласови), а Сандерс 49,4 отсто (308 илјади).

Кај републиканците пак, по пребројување на 98,8 отсто од гласачките ливчиња Трамп води со помалку од половина процент пред Круз. така што според правилата Круз може да побара повторно пребројување на гласачките ливчиња.

Најчитани вести